Нашите проекти

Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива)
АО3 нуди некомерцијално и непрофитно централно место за хостирање на фан-проза и други трансформативни фан-дела со помош на архивски софтвер со отворен код.

Fanhackers
OTW (Организација за трансформативни дела) објавува блог за дискусија на фановски мета-теми и фановски перспективи на фановски и медијски студии.

Fanlore
Фанлор, фандомската вики-страница, е посветена на зачувување на историјата на трансформативните фан-дела и на фандомите од кои тие потекнале.

Fan Video and Multimedia
Нашите мултимедијални проекти моментално се состојат од Fan Video Roadmap (План за развој на проектот за фан-видеа), Vidding History project (Проектот за историја на видингот) заедно со Test Suite of Fair Use Vids (Демонстрација на правилата за фер користење во фан-видеата), како и низа на страници со ресурси за создавачите на фан-видеа, вклучувајќи и предлози за тоа каде да го хостирате видеото и насоки за вметнување на фан-видео на АО3.

Legal Advocacy (Правна поддршка)
OTW е посветена на заштитата и одбраната на фан-делата од комерцијална експлоатација и правни предизвици.

Open Doors (Отворени врати)
Отворени врати нуди заштита на загрозените фановски проекти. Во подпроектите се вбројуваат Fan Culture Preservation Project (Проектот за зачувување на фан-култури), со кој се зачувуваат фанзините и другите недигитални форми на фан-култура и GeoCities Rescue Project (Проектот за спасување на Геоситис).

Transformative Works and Cultures – TWC (Трансформативни дела и култури)
TWC е стручно академско списание кое цели да го промовира изучувањето на фан-делата и практиките.